Опис
Заштитна респираторна маска за возрасни, со висок процент на заштита од аерозагадување. Во маската поставен е карбонски филтер N99 кој има степен на заштита од 99% од ПМ 2.5 и ПМ 10 честички, сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Филтерот максимум се користи 40 часа по што е потребно да се промени.
На маската странично се поставени два вентила кои овозможуваат воздухот да циркулира во еден правец од маската кон надвор, и на тој начин се спречува создавање на влага и непријатност при носењето. Маската е атиалергиска, изработена од 100% памук и е пријатна за носење.
Се препорачува да се носи секојдневно во услови на зголемена загаденост. Доколку се оштети или не пропушта воздух потребно е да се замени со нова.
Заштитете се Вие и Вашите најсакани од секојдневните загадувачи и од сите тие токсини и честички кои се опасно штетни по здравјето особено на децата!